Нови ПРОРЕКТОРИ на Универзитетот „Св.Климент Охридски„ – Битола

image_url

Нови ПРОРЕКТОРИ на Универзитетот „Св.Климент Охридски„ – Битола

Ректорската управа на Универзитетот „Св. Климент Охридски“, на предлог од ректорот – проф. д-р Сашо Коруновски, врз основа на новиот Закон за високо образование, на тајно гласање едногласно донесе одлука за избор на четири нови проректори на Универзитетот.
За нов проректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ е избран професорот Марјан Ѓуровски, досегашен продекан на Факултетот за безбедност – Скопје, претседател на Македонското политолошко друштво и доктор на безбедносни науки, кој ќе раководи со ресорот за студенти и академска мобилност. “Студентите се во центарот на образовниот процес, во кој им се овозможува и од нив се очекува одговорен пристап и активно учество, како при стекнувањето знаења и вештини така и при создавањето нови знаења. Студентот има право на квалитетно образование, но и обврска за активно учество во него, во согласност со академските вредности” – изјави новиот проректор Ѓуровски. Според него, современите текови ја наметнуваат и потребата за максимално искористување на можностите за студентска мобилност и вклучување на студентите во соодветните облици на студентско организирање на меѓународно ниво во насока на градење меѓусебна доверба, запознавање, споделување на културните вредности и интернационализација во сферата на високото образование. Овој тренд уште повеќе ја поттикнува потребата за воспоставување и целосна реализација на договорите за соработка со странски универзитети на полето на студентската мобилност и реализирање заеднички студентски проектни активности во различни програми – најави новиот проректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“, професорот Марјан Ѓуровски.

повеќе на линк:   https://www.fakulteti.mk/news/02102019/novi-prorektori-na-univerzitetot-sv-kliment-ohridski