На ден 14.11.2019 година во 11,00 часот во Деканатот на Факултетот за безбедност – Скопје, остварена средба со г-а Ирена Јовева која е Европски пратеник од Република Словенија и г-а Елма која е асистент во Европскиот парламент.

image_url

На ден 14.11.2019 година во 11,00 часот во Деканатот на Факултетот за безбедност – Скопје, остварена средба со г-а Ирена Јовева која е Европски пратеник од Република Словенија и г-а Елма која е асистент во Европскиот парламент.

На ден 14.11.2019 година во 11,00 часот во Деканатот на Факултетот за безбедност – Скопје, Деканот вонреден проф. д-р Никола Дујовски со Проректорот за студентски работи и институционален Еразмус плус координатор во Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола доц. д-р Марјан Ѓуровски, проф. д-р Наташа Пеливанова, и проф. д-р Снежана Никодиновска Стефановска остварија средба со г-а Ирена Јовева која е Европски пратеник од Република Словенија и г-а Елма која е асистент во Европскиот парламент.

Деканот накратко ги запозна гостите со историјата на факултетот, активностите на студентите и насоките на студирање.

Г-а Ирена Јовева ги сподели со присутните нејзините гледишта за проширувањето на ЕУ и земјите од Западен Балкан, како и колкави се можностите за интегрирање нашата држава во големото Европско семејство.

Г-а Елма информираше дека во институциите на Европската Унија, постои можност за волонтирање и стажирање и за студентите од Северна Македонија, како и за оние што се неодамна дипломирани. Сега во Европскиот парламент има двајца студенти од нашата држава, а исто и во Европскиот совет.

Гостите наведените информации ги споделија и со студентите на предавањето кое тие го одржаа, а во врска со проширувањето на ЕУ и земјите од Западен Балкан. Студентите слушаа внимателно и заинтересирано им поставуваа прашања на гостите.

Blog Attachment