На ден 09.03.2021 година (вторник) се одржа онлајн состанок помеѓу…

image_url

На ден 09.03.2021 година (вторник) се одржа онлајн состанок помеѓу…

На ден 09.03.2021 година (вторник)  се одржа онлајн состанок помеѓу деканот на Факултетот за безбедност проф. д-р Никола Дујовски, продеканот за настава проф. д-р Наташа Пеливанова и продеканот за меѓународна соработка проф. д-р Раде Рајковчевски, со претседателот на Факултетското студентско собрание Кристина Јаневска и членовите на собранието кои беа избрани на непосредни избори спроведени онлајн на 24 февруари 2021 година.

На состанокот беа договорени првите чекори за воспоставување на квалитетна соработка помеѓу раководството, професорите и студентите на Факултетот за безбедност, но и зајакнување на соработката со Универзитетското студентско собрание и Универзитетот во целина.

Наша обврска е да бидеме партнери во изградбата на факултет кој ќе ги поттикнува добрите практики кај младите, но и ќе работи на развојот на високото образование во државата.

 

ФАКУЛТЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ-СКОПЈЕ