На ден 02.03.2020 година беше одржана работна средба помеѓу Деканот на Факултет за безбедност – Скопје, продеканката за настава и продеканот за меѓународна соработка и раководството на Факултетското студентско собрание

image_url

На ден 02.03.2020 година беше одржана работна средба помеѓу Деканот на Факултет за безбедност – Скопје, продеканката за настава и продеканот за меѓународна соработка и раководството на Факултетското студентско собрание

На ден 02.03.2020 година беше одржана работна средба помеѓу Деканот на Факултет за безбедност – Скопје, продеканката за настава и продеканот за меѓународна соработка и раководството на Факултетското студентско собрание на Факултет за безбедност – Скопје. На средбата се разговараше за повеќе теми од интерес, но како најважни би можеле да бидат издвоени следниве заклучоци кои директно ги засегаат и студентите на Факултет за безбедност – Скопје:
– Сите патувања кои треба да се реализираат до 20 март 2020 година, мораат да бидат одложени, а особени оние патувања кои се однесуваат на одење во Италија или во други држави во кои корона вирусот е во голем подем и каде смртноста секој ден е се поголема и поголема;
– Сите студенти кои планираат да патуваат или кои веќе во непосредно време патувале надвор од државата, или кои имаат член во семејството кој го сторил или кој планира да го стори истото до периодот до 20 март 2020 година, препорачливо е по враќањето назад во државата во период од неколку дена да не доаѓаат на настава и да ги поминат сите потребни тестови за испитување на нивната здравствена состојба, со цел превенција и спречување на ширење на корона вирусот;
– Од 1 март 2020 година студентите од Факултет за безбедност – Скопје се ослободени од плаќање на административна такса. Тоа значи дека при пријавување на испитите студентите нема да плаќаат административна такса;
– Сите студенти кои својот индекс го оставиле на заверка во Службата за студентски прашања, а кој им е неопходно потребен заради превоз во железничкиот сообраќај или заради друга неопходна потреба која се однесува на неодложно реализирање на некое нивно право, не мора да чекаат еден месец за нивниот индекс да биде заверен, туку можат дап однесат молба/барање до Службата за студентски прашања со цел индексот да им биде заверен што е можно побргу.”.
Александар Стојановиќ ( Претседател на ФСС на ФБ – Скопје ).