На 02.12.2019 година, во рамките на НАТО Караванот, а во организација на Инфо Центарот за Евроатлански интеграции, пред студентите на Факултетот за безбедност – Скопје

image_url

На 02.12.2019 година, во рамките на НАТО Караванот, а во организација на Инфо Центарот за Евроатлански интеграции, пред студентите на Факултетот за безбедност – Скопје

На 02.12.2019 година, во рамките на НАТО Караванот, а во организација на Инфо Центарот за Евроатлански интеграции, пред студентите на Факултетот за безбедност – Скопје, питомците од  Воената академија Генерал Миахаило Апостолски и студенти од Центарот за едукација Американ корнер од Тетово, предавање одржаа Неговата екселенција Стево Пендаровски, Претседател на Република Северна Македонија и Нејзината екселенција Кејт Мери Брнз, Амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија.

Во воведниот дел од своето предавање Претседателот на Република Северна Македонија, ги објасни најважните принципи на кои се темели НАТО сојузот и колку е важно Република Северна Македонија да биде дел од овој воен сујуз. Особено го исткна учеството на Армијата на Република Македонија во многу мисии, како рамноправен партнер на земјите кои се дел од НАТО сојузот и фактот дека и покрај тоа што се работи за  воен сојуз кој е битен од аспект на безбедноста на нашата земја, сепак бенефитите од членството на нашата земја ќе се одразат и во другите сегменти на нашето општество.

Амбасадорката на Соединетите Американски Држави, накратко ја раскажа историјата на НАТО алијансата, се задржа на потребата од формирање на еден ваков сојуз и на присутните им обрна внимание дека НАТО алијансата е целосно приспособена да одговори на сите закани кои ги наметнува новото време.

И претседателот и амбасадорката, потенцираа дека една од најголемите закани на новото време се „лажните вести“ и посочија доста примери како Република Северна Македонија во повеќенаврати во коориднација со земји членки на НАТО сојузот се справувала со лажните вести.

По завршувањето на предавањето, со особена чест и задоволство, Деканот на Факултетот за безбедност им додели Благодарници на прадавачите.

Blog Attachment