Кампања во Кичево и Тетово за подигнување на свесноста на граѓаните за опасноста од НУС

Кампања во Кичево и Тетово за подигнување на свесноста на граѓаните за опасноста од НУС

Факултетот за безбедност – Скопје како партнер во меѓународниот проект ВЕКТОР, финансиски поддржан од „Програмата на НАТО – наука за мир и безбедност“, на 20.05.2021 (четврток) во Кичево и Тетово спроведе кампања за зголемување на свесноста кај граѓаните за опасноста од неексплодирани убојни средства.

Кампањата се реализираше во соработка со Отсекот за превенција при СВР Охрид и СВР Тетово и подрачните единици на Дирекцијата за заштита и спасување. Во текот на кампањата активно беа вклучени и студентите од Факултетот за безбедност.

Преку кампањата, на граѓаните на Кичево и Тетово им бea поделени флаери и им беа посочени конкретни препораки и упатства како да постапат доколку пронајдат вакви средства. Постапувајќи според овие упатства граѓаните го даваат својот придонес за зголемување на безбедноста и намалување на ризикот по животот и здравјето, како за себе и за своите најблиски сограѓани, така и за средината во која живеат и работат.

Локалните медиуми беа особено заинтересирани за настанот и активно се вклучија во испраќање на пораката до граѓаните.

Факултетот за безбедност – Скопје ќе ја продолжи оваа кампања и во следниот период во други градови низ државата, со поддршка од крајните корисници во проектот (Министерството за внатрешни работи и Дирекцијата за заштита и спасување).

Blog Attachment