Избран Претседател на Универзитетското студентко собрание на УКЛО

image_url

Избран Претседател на Универзитетското студентко собрание на УКЛО

Избран Претседател на Универзитетското студентко собрание на УКЛО

Во согласност со Законот за високото образовани и Статутот на УКЛО, на 30.12.2019 година се  одржа Изборно собрание за Претседател и членови на раководството на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св.Климент Охридски„-Битола.

Дона Петрова, редовен студент на  Правниот факултетот избрана е за лидер на студентите на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Претседателот на Студентското собрание на Факултетот за безбедност-Скопје Александар Стојановиќ беше избран за член на Сенатот на Универзитетот „Св.Климент Охридски„-Битола. Тој на изборното собрание се заложи за поголема активност на студенстката организација и создавање на можности за поголемо вмрежување меѓу студентите од другите држави. Студенстката лидерна истакна дека со членовите на раководството на УСС и студентите на УКЛО ќе се реализра Програма за работа што треба да овозможи поддршка и помош за студентите, но и нивна поголема активност и учество во проекти. „ Заедно со членовите на УСС направивме  Програма преку која ќе можеме да ги мотивираме студентите подобро  да се искажат, да ги кажат проблемите, а тоа секако ќе се овозможи и со работата на студентскиот правобранител. Исто така, сакам да напоменам дека ова е едно вистинско собрание, кое треба да им помогне на студентите и ќе ги стимулираме да направат проекти со кои ќе се истакнат во иднина“.

По повод денешниот избор за студентски лидер на УКЛО, проректорот за студентски работи, проф. д-р Марјан Ѓуровски изјави дека: “УКЛО прв го имплементира Законот за високо образование и отпочнува со новата форма на студентско организирање и избор на студенски лидер по пат на тајно гласање од страна на претставниците на студентите на сите факултети. Ректоратот на УКЛО го поттикнува студентскиот активизам и нивното будење. Во државата мора да има место за младите, студентите и заедно мора да го победиме песимизмот и изградиме заеднички пат кон иднината. Во минатото односно во историјата е запишано дека студентите биле фактор во државите и столб на демократското уредување. УКЛО студентот го гледа како партнер во одлучувањето на Универзитетот и креирањето на политики и квалитет во наставата, практичната настава и градење на претприемачки дух, на тој начин на непосреден начин да остави директно влијание врз општествените промени и движења. На почетокот на 2020 ќе следи повик на УКЛО за финансирање на студентски проекти за нивни активности, обуки и конференции. Воедно УКЛО ќе поттикне и поддржи поголеми вмрежување на студентите и студентското собрание со колегите од Универзитететите од ЕУ, САД и други земји како и уште поголема мобилност на студентите.Проректорот Ѓуровски  во изјава за медиумите посочи дека заеднички треба да се „пробудат“ студентите и од тоа заедништво да произлезе и целта: да се задржат младите во нашата држава. Тој смета дека непосредно, преку овој активизам и организирање, може да се оствари влијание врз општествените промени и развојот врз целокупното македонско општество„.

Со изборот на Дона Петрова за студентски лидер на УКЛО на тајно гласање од  две утврдени кандидатки,  студентите на УКЛО го афирмираа базичното начело на еднаквост, со што УКЛО  се вбројува меѓу универзитетите  чија цел меѓу другото е постигнување на вистинска родова еднаквост.

Blog Attachment