Интезивна регионална  соработка со факултетите од областа на безбедноста и криминалистиката

image_url

Интезивна регионална  соработка со факултетите од областа на безбедноста и криминалистиката

Интезивна регионална  соработка со факултетите од областа на безбедноста и криминалистиката

 

Проректорот на УКЛО и професор на Факултетот за безбедност-Скопје проф. д-р Марјан Ѓуровски на почетокот и крајот на месец декември 2020 година оствари посета на дел од Универзитетите во регионот, каде меѓу другото зема учество на 11-тата Школа за евроатлантизам „Безбедносните предизвици на Западен Балакн„ во организација на Универзитетот „Долна Горица„ од Црна Гора.

Во рамки на школата професорот Ѓуровски пред студентите и професорите одржа предавање на тема „Влијанието на хибридните закани врз демократијата-можности за регионална соработка„

Во Подгорица Проректорот проф.Ѓуровски беше примен од Претседателот на Црногорската Академија на науките и уметностите академик проф. д-р Драган Вукчевиќ и од ректорот на Универзитетот „Долна Горица„ проф. д-р Веселин Вукотиќ. На средбите се разговараше за можноста за заеднички студиски програми, размена на студенти и професори, научно-истражувачки проекти и конференции.

За време на работната посета на Република Хрватска на 9.12.2019 година проректорот за студентски работи и институционален Еразмус + координатор проф. д-р Марјан Ѓуровски оствари средба со Деканот на Високата полициска школа д-р Крунослав Боровец со кој беше договорено потпишување на Еразмус + договор со Факултетот за безбедност-Скопје и интензивирање на заедничката соработка во областа на криминалистиката.

Mеѓу другото во ректоратот на Универзитетот во Загреб оствари средба со проректорката за студии, студенти и управување со квалитет проф. д-р Ивана Чуковиќ-Багиќ.

Во иднина студенти од Факултетот за безбедност ќе може во иднина да реализираат практична настава и вежби и на Универзитетот за применети науки „Велика Горица„ од областа на управувањето со кризи беше договорено на средбата на проректорот Ѓуровски со Деканот на Универзитетот проф. д-р Иван Тотх.

Blog Attachment