Интервју со Претседателот на Република Северна Македонија д-р Стево Пендаровски и истражувачкиот тим од Факултетот за безбедност Скопје

image_url

Интервју со Претседателот на Република Северна Македонија д-р Стево Пендаровски и истражувачкиот тим од Факултетот за безбедност Скопје

На 16.6.2020 година Претседателот на Република Северна Македонија д-р Стево Пендаровски и истражувачкиот тим од Факултетот за безбедност Скопје во состав проф.д-р Цане Мојаноски, проф.д-р Марјан Николовски, проф. д-р Драгана Батиќ, проф.д-р Никола Дујовски и проф. д-р Марјан Ѓуровски повеќе од час и половина разменуваа мислења и бараа најсоодветни решенија за развој на безбедносниот систем во државата. Вонредната состојба и случувањата со пандемијата покрај тоа што носат многу непознати, ќе остават и сериозни последици, се и добра можност да се следат политиките, да се прибираат и анализираат податоците, со цел да се помогне со квалитетни предлози од научените лекции. Да изградиме уште пофункционален систем каков што доликува на земја членка на НАТО и земја која преговара за членство во ЕУ. Прелиминарните препораки од научно-истражувачкиот извештај за функцонирањето на безбедносниот систем во услови на вонредна состојба ќе бидат презентирани идната недела од истражувачкиот тим на Факултетот за безбедност-Скопје.

Blog Attachment