Гостин предавач Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов пред студентите од Факултетот за безбедност-Скопје

image_url

Гостин предавач Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов пред студентите од Факултетот за безбедност-Скопје

Во рамки на наставните содржини на предметот Основи на безбедност на 24.12.2020 година онлајн предавање пред студентите одржа Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.

За време на гостувањето како предавач кај предметниот наставник проф.д-р Марјан Ѓуровски од страна на Директорот Ангелов беше анализирано и претставено местото и улогата на секторот за управување со кризи во безбедносниот систем на Република Северна Македонија. Посебен акцепт беше ставен на практичните примери од функционирањето на кризниот менаџмент за време на вонредната и сегашната кризна состојба во справувањето со пандемијата Ковид19. Директорот Ангелов искажувајќи го своето задоволство што оддржал предавање на Факултетот каде дипломирал криминалистика, своето излагање го заврши со порака дека во планирањето и оперативниот дел на системот за управување со кризи предност при вработување ќе имаат студентите кои дипломирале на државните Универзитети во областа на безбедноста и кризниот менаџмент . Науката особено ја почитувам и Факултетот за безбедност оддржува високо ниво на работа и студирање, поради тоа сме целосно отворени за соработка и го поздравувам новиот научно истражувачки проект за функционирањето на системот за управување со кризи во услови на кризна и сложена состојба и во иднина сме подготвени дел од праксата студентите да ја реализираме во секторите на Центарот за управување со кризи, заклучи Ангелов.
Blog Attachment