Гостин предавач Директорот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски пред студентите на Факултетот за безбедност-Скопје

image_url

Гостин предавач Директорот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски пред студентите на Факултетот за безбедност-Скопје

На 10.12.2020 година врз основа на потпишаниот Меморандум за соработка меѓу Агенцијата за национална безбедност на Република Северна Македонија и Универзитот „Св.Климент Охридски„-Битола за унапредување на соработката во областа на едукацијата и обуката на кадри за теми од заеднички интерес и размена на искуства и знаења гостин предавач беше Директорот на АНБ д-р Виктор Димовски кај проф.д-р Марјан Ѓуровски на Факултетот за безбедност-Скопје.

Во рамки на реализацијата на предметната програма Основи на безбедноста преку примена на средствата за електронска комуникација  правејќи спој меѓу теоријата и праксата, пред студентите од Факултетот за безбедност-Скопје, директорот на Агенцијата за национална безбедност д-р Димовски говореше за безбедносните ризици и закани и приоритетите во работата и функционирањето на Агенцијата за национална безбедност на Република Северна Македонија како значајна алка во безбедносниот систем на земјата. Директорот Димовски кој дипломирал на Факултетот за безбедност-Скопје, а кој меѓу другото е поранешен директорот на Агенцијата за разузнавање, екс Државен секретар на МНР, екс функционер на УБК, поранешен Амбасадорот на РСМ во Израел и Србија одговараше на бројните прашања на студентите. На крајот нагласи дека во АНБ приоритет при вработување ќе имаат најдобрите студенти од областа на безбедноста на државните Универзитети меѓу нив Факултетот за безбедност-Скопје.

Blog Attachment