Гости предавачи и реализација на сценарио

image_url

Гости предавачи и реализација на сценарио

Во рамки на предметната програма ,,Еколошка криминалистика,, во организација на предметниот наставник проф д-р Марина Малиш Саздовска на 29.10. гостин предавач на online предавањето беше претставникот од Државниот инспекторат за животна средина и природа Дарко Блинков. Тој се осврна на надлежностите и овластувањата што ги имаат државните инспектори за сузбивање на еколошките кривични дела, како и на актуелните сосотојби со загадувањето на еко системите во Република Северена Македонија. Предавањето предизвика особен интерес кај студентите кои поставуваа прашања и земаа активно учество во дискусијата.

На 2.11. на предавањата по ,,Безбедносен менаџмент,, и ,,Криминалистичка оператива,, гостин предавач беше м-р Благојче Петревски кој одржа предавања на тема: Менаџирање на критични настани- насилство на спортски терени и Примена на оперативно –тактички мерки за превенција и репресија при насилство на спортските терени. Студентите активно учествуваа во дискусијата, особено за активностите на младите и на навивачките групи во процесот на сузбивање на овој вид на критичен настан кој се случува при спортските натпревари во земјата.

На online предавањето по предметот Криминалистичка тактика 2 на 6.11. студентите презентираа сценарио на тема Соочување. Студентите од втора година насока Криминалист Елена Стаменковска, Лела Радуловиќ, Александра Петровиќ, Росана Тошева и Петар Хаџи –Мојсоски снимиле сценарио за соочување кое беше презентирано во форма на видео на предавањето, што го прикажа ова истражно дејствие во практични услови и беше одлична можност студентите поблиску да се запознаат со криминалитичките начела и тактички постапувања при примена на оваа мерка. Секако при севкупната активност беа применети мерките за превенција од Ковид 19, со цел безбедна реализација на активностите на студентите. Ваквиот проактивен пристап за совладување на предметната материја и стекнување со нови знаења и вештини е за пофалба и одличен пример и за останатите студенти за активно вклучување во реализацијата на целите на  предавањата на Факултетот за безбедност – Скопје.

Blog Attachment