Форумот „Родовата перспектива и улогата на жената во реформите на безбедносниот систем“ во организација на UN WOMEN, Универзитетот „Св.Климент Охридски„-Битола и Факултетот за безбедност-Скопје, 14.12.2019 година, хотел „Дабл Три Хилтон„-Скопје

image_url

Форумот „Родовата перспектива и улогата на жената во реформите на безбедносниот систем“ во организација на UN WOMEN, Универзитетот „Св.Климент Охридски„-Битола и Факултетот за безбедност-Скопје, 14.12.2019 година, хотел „Дабл Три Хилтон„-Скопје

Форумот  „Родовата перспектива и улогата на жената во реформите на безбедносниот систем“ во организација на UN WOMEN, Универзитетот „Св.Климент Охридски„-Битола и Факултетот за безбедност-Скопје, 14.12.2019 година, хотел „Дабл Три Хилтон„-Скопје

Универзитетот „Св.Климент Охридски„-Битола, Факултетот за безбедност-Скопје и програмската канцеларија на UN WOMEN на 14.12.2019 година во хотел „Дабл Три Хилтон„-Скопје организираа Форум „Родовата перспектива и улогата на жената во реформите на безбедносниот систем“. На настанот се обратија Заменик Претседателот на Владата и Министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, Проректорот на Универзитетот „Св.Климент Охридски„ проф. д-р Марјан Ѓуровски, Резидентниот координатор на ООН во земјава Росана Дудзиак, Деканот на Факултетот за безбедност-Скопје проф. д-р Никола Дујовски, Раководоителката на канцеларијата на ООН за родова еднаквост и зајакнување на жените во Скопје, Претседателката на Комората на РСМ за приватно обезбедување м-р Верица Милеска Стефановска, претставници од Министерството за транспорт и врски, Армијата, МВР, Царинската управа, Противпожарната бригада на град Скопје, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи и други. Во Панел дискусиите свои излагања имаа проф  д-р Марина Малиш Саздовска, проф. д-р Миодраг Лабовиќ, Проф. д-р Татјана Гергинова и проф. д-р Марјан Ѓуровски од Факултетот за безбедност-Скопје. Воедно говореа полк.Билјана Блажеска, Аѓутант на Претседателот на РСМ и Врховниот командант на AРСМ, м-р Сања Керметчиева, Генерален секретар на Комората на РСМ за приватно обезбедување, Воведничарка и модераторка, м-р Даниела Антоновска, Национален совет за родова рампоправност, Зорица Вукановиќ, командир на Полициската станица од општа надлежност при СВР-Куманово , полк.Ирена Минева, Командант на Воено медицински центар, Марија Милкова, Центар за управување со кризи, Валентина Атанасовска, Дирекција за заштита и спасување, Весна Змајсек, Царинска управа на РСМ и претставник на Противпожарната бригада на град Скопје.

Проректорот на Универзитетот Св.Климент Охридски, проф.д-р Марјан Ѓуровски истакна дека целта на денешниот форум е да подигне свеста за состојбата на жената во безбедноста и одбраната, со акцент на идните конкретни чекори и политики кои ќе се преземат во однос на предизвиците на жените професионалци во безбедносниот систем. Треба уште повеќе да се работи на поголема застапеноста на родовите перспективи во јавните политики, вклучително во политиките за национална безбедност и подобрување и унапредување на законската регулатива во насока на надминување на проблемите со кои се соочуваат жените, но и мажите во Република Македонија, не само на своите работни места туку и во секоја сфера каде се забележани појави на дискриминација, потенцираше Ѓуровски. Тој нагласи дека мора да имаме нулта толеранција за појавите на која било форма на сексизам под чие влијание се губат најквалитетните кадри. Половата структура на Министерството за внатрешни работи покажува дека над четвртина од вработените во оваа институција се жени, меѓутоа по однос на систематизациската застапеност се уште постојат извесни разлики, независно што жените заземаат некои од клучните позиции во управувањето со организационата структура во Министерството, истакна денеска вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски на форумот „Родовата перспектива и улогата на жената во реформите на безбедносниот систем“. Тој истакна дека едно од клучните прашања во развојот на современети европски демократски трендови, меѓу другото е и прашањето околу родовата рамноправност и адеквтаната застапеност на женската популација првенствено како суштински и активен чинител во севкупниот опшетствен развој, вклучително и во сферата на безбедноста. „Во годините зад нас беа направени низа, пред се нормативни измени и решенија со кои се создадоа фундаменти за решителен и значаен исчекор во оваа област. Со тоа се отвори простор за посилно вклучување на жената во сите институциолнални и други структури, во процесите на креирање политики, на носење на одлуки, во процесите на проценување решавање, така што и статистички меѓутоа и суштински драматично се измени состојбата во полза на вклучувањето на жените како рамноправен актер во сите општествени текови„, нагласи Спасовски.

Деканот на Факултетот за безбедност-Скопје проф. д-р говореше за соодветната родова застапеност меѓу запишаните студенти потенцирајќи ги позитивните ефетки од раководењето на институциите во услови на соодветна родова застапеност и одлучување во рамки на безбедносниот систем на земјата.

Институциите од безбедносниот систем на Република Северна Македонија во последниот период работат на имплементирање на родовата перспектива во рамки на своите стратешки планови. Промовирањето и унапредувањето на еднаквите можности се начела од клучна важност за националните интереси и стратешките приоритети на државата.

Форумот оствари цел акцентот да биде ставен на идните и конкретни чекори и политики кои ќе се преземат во однос на предизвиците со кои се соочуваат жените професионалци во безбедноста. Клучни елементи на дискусијата беа меѓународните трендови и најдобри практики, институционалните проблеми, мерки кои се преземаат и кои можни чекори треба да се направат во насока на подобрување на работните услови.

Форумот заврши со препораки кои ќе бидат земени во предвид како насоки за институциите и невладиниот сектор во 2020, година во која ќе се одбележуваат погоре спомнатите значајни јубилеи.

Следната година ќе се одбележат 25 години од усвојувањето на Пекиншката Декларација и Платформа за Акција во која преку 12 области се истакнува каде е потребно да се работи со зголемен фокус за да се зајакнат жените и да им се дадат еднакви можности во јавниот и политичкиот живот. Исто така следната година ќе се одбележи дваесеттиот  јубилеј од усвојувањето на Резолуцијата 1325 на Советот на безбедност при ОН, која со последователните 9 Резолуции обрнува внимание на улогата на жените во мирот и безбедноста.

Инклузивните пристапи кон реформите во безбедносниот сектор бараат потреба од создавање еднакви можности во рамките на безбедносните служби на сите нивоа што овозможуваат еднакви можности за вработување, задржување и развој на кариера кај мажите и жените. Ова ја вклучува потребата за промовирање и развој на ангажирање на жени во судски, обвинителски и институции за спроведување на законот, армијата и одбраната, како и во парламентарниот надзор на безбедносниот систем. Бидејќи безбедносните потреби и искуствата на мажите и жените се разликуваат, националните безбедносни систем можат да бидат ефективни само преку активно учество на жени и мажи.

Придонесот на жените може да го подобри разбирањето и реакцијата на безбедносниот систем и на безбедносните потреби на различни сегменти на општеството, во земјата и надвор од неа. Оваа дебата даде можност да се надгради и да се прошири дискусијата за институционалните промени потребни за да се обезбеди посигурен балансиран и родово одговорен безбедносен систем, како предуслов за зголемување на учеството на жените во меѓународните мисии за управување со кризи и родовата одговорност од овие мисии., како и зголемување на бројот на жени на одлучувачки позиции во МО и армијата. Говорниците и говорничките ги споделија добри практики и искуства, а ќе се разговара за мерките за да се обезбеди создавање на организациска култура која се заснова на родовата еднаквост.

Blog Attachment