Факултетот за безбедност во соработка со Црвен крст, на ден 18.05. 2021 од 10.00 до 14.00 часот

image_url

Факултетот за безбедност во соработка со Црвен крст, на ден 18.05. 2021 од 10.00 до 14.00 часот

Факултетот за безбедност во соработка со Црвен крст, на ден 18.05. 2021 од 10.00 до 14.00 часот во просториите на нашиот факултет организира КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА, со почитување на сите актуелни мерки и протоколи за заштита од корона вирусот.

Оние кои не се од Скопје и не се во можност да дојдат на факултет за да даруваат крв, истото ќе можат да го сторат во нивните најблиски здравствени домови во периодот од 17.05.2021 до 21.05.2021 година за што ќе биде потребно да земат потврда дека биле крводарители.

СИТЕ ОНИЕ КОИ СЕ ВАКЦИНИРАНИ СО ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОРОНА ВИРУСОТ, ЌЕ МОЖАТ ДА ДАРУВААТ КРВ, ЧЕТИРИ НЕДЕЛИ ПО ПРИМАЊЕТО НА ВТОРАТА ДОЗА ОД ВАКЦИНАТА.

Во името на Факултетот за безбедност и во името на Црвен крст замолуваме сите оние кои се во можност да даруваат крв да бидат дел од оваа крводарителска акција.

Веруваме дека можеме да ја покажеме нашата хуманост.

Нашето малку, некому значи многу.

ДАРУВАЈ КРВ – СПАСИ ЖИВОТ