Факултетот за безбедност – Скопје организираше еколошка акција со садење на зимзелени садници

image_url

Факултетот за безбедност – Скопје организираше еколошка акција со садење на зимзелени садници

По повод меѓународниот Ден на заштита на шумите 21 – ви Март, на Факултетот за безбедност Скопје се организираше еколошка акција со садење на зимзелени садници. Во акцијата активно учество земаа деканот на факултетот проф. д-р Никола Дујовски, проф д-р Марина Малиш Саздовска, Аљоша Недев, Виолета Трајковска, Слободан Игнатов, како и студенти претставници од Студентскот парламент Кристина Јаневска, Аријан Сејдини, Теодора Панчева, Лела Радуловиќ, Христина Митаноска и Филип Јанковски. Акцијата беше реализирана во соработка со претставници од Центарот за обука при Министерството за внатрешни работи и г-дин Гоце Бачанов, помошник на министерот за Центар за обука.

Со реализација на оваа еколошка акција, уште еднаш студентите и вработените на Факултетот за безбедност Скопје демонстрираа високо развиена еколошка свест и општествена одговорност во насока на заштита на животната средина и природата. Студентите изразија желба и подготвеност за одбележување и други значајни датуми од областа на екологијата, како и реализација на вакви и слични еколошки акции во иднина.

Blog Attachment