Факултетот за безбедност-Скопје и Црвениот крст на РСМ ќе соработуваат во градењето на системот за подготовка и одговор од катастрофи

image_url

Факултетот за безбедност-Скопје и Црвениот крст на РСМ ќе соработуваат во градењето на системот за подготовка и одговор од катастрофи

Факултетот за безбедност-Скопје и Црвениот крст на РСМ ќе соработуваат во градењето на системот за подготовка и одговор од катастрофи

 

Деканот на Факултетот за безбедност проф. д-р Никола Дујовски и проректорот на УКЛО проф. д-р Марјан Ѓуровски го посетија Центарот за подготвеност и одговор при катастрофи на Црвениот Крст на Република Северна Македонија, каде остварија  средба со Генералниот Секретар на Цевениот крст д-р Саит Саити, со раководителот на Центарот за подготвеност и одговор при катастрофи г-н Али Самит и со повеќе волонтери и вработени во Центарот.

За време на средбата Проректорот и Деканот имаа можност непосредно да се запознаат со активностите кои ги превзема Црвениот Крст за помош и поддршка на институциите и населението во услови на пандемијата Ковид 19. На средбата стана збор и за продлабочување на соработката помеѓу Факултетот и Црвениот крст, а беа лоцирани и конкретни активности за обука и спроведување на заеднички проекти.

Црвениот крст располага со значајни ресури кои се ставени на располагање на инситутуциите кои работат на справување со здравствената криза, а помага и на населението преку достава на хуманитарни пакети со храна и средства за хигиена. Може да се забележи дека координацијата на активностите внатре во организацијата е на високо ниво, а со својата експертиза даваат сериозна поддршка и на државните институции.

Активноста се реализираше во рамките на теренските активности од проектот “Функционирањето на безбедносниот систем во услови на вонредна и/или кризна состојба”, за што беа собрани значајни информации и податоци кои ќе бидат искористени во понатамошните фази на спроведување и давање на препораки за градење на ефикасен систем за управување со кризи и заштита и спасување, како и функционирањето на целокупниот безбедносен систем.

 

ФАКУЛТЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ-СКОПЈЕ