Деканот на Факултетот за безбедност проф. д-р Никола Дујовски и проректорот на УКЛО проф. д-р Марјан Ѓуровски, во периодот 6-7 ноември 2019 година присуствуваа на Sofia Security Forum во Софија, Република Бугарија

image_url

Деканот на Факултетот за безбедност проф. д-р Никола Дујовски и проректорот на УКЛО проф. д-р Марјан Ѓуровски, во периодот 6-7 ноември 2019 година присуствуваа на Sofia Security Forum во Софија, Република Бугарија

Деканот на Факултетот за безбедност проф. д-р Никола Дујовски и проректорот на УКЛО проф. д-р Марјан Ѓуровски, во периодот 6-7 ноември 2019 година присуствуваа на Sofia Security Forum во Софија, Република Бугарија. Деканот Дујовски на 6 ноември се обрати на свеченото обраќање на форум и говореше заедно со Претседателот на Софискиот безбедносен форум г-н Јордан Божилов и со Командантот на Воената Академија „Георги Раковски“ од Софија Генерал Мајор д-р Груди Иванов Ангелов. Проректорот Ѓуровски имаше презентација во панелот Looking into the future. How to prepare the Union to face future security challenges и говореше заедно со професорите Мариана Тодорова и Тодор Тагарев од Бугарската академија на науките и со проф. Панајотис Цаконас од Грција.

Претставниците на Факултетот за безбедност на овој форум остварија повеќе средби со професори и практичари од областа на безбедноста од повеќе земји во Европа, како и со амбасадорите на Грција, Грузија и Холандија во Софија, како и со политички претставници на Министерствата за надворешни работи од Финска, Унгарија, Белгија и други. Покрај тоа, беше остварена средба и со претставници на македонската амбасада во Софија.

Blog Attachment