Безбедни Семејни Паркинг Зони

image_url

Безбедни Семејни Паркинг Зони

Деканот на Факултетот за безбедност проф. д-р Никола Дујовски на 28 септември 2020 година учествуваше на конференција по повод имплементација на проектот „Безбедни семејни паркинг зони“, кој го реализираше АМСМ, а во чија реализација активно се вклучија и професори од Факултетот за безбедност.
Порај деканот Дујовски, на настанот свое обраќање имаа и Министерот за внатрешни работи г-н Оливер Спасовски, Министерот за транспорт и врски г-н Благој Бочварски, Градоначалникот на Град Скопје и Претседател на ЗЕЛС г-н Петре Шилегов, Директорката на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство асс. д-р Викторија Јовановска и Генералниот Секретар на АМСМ г-н Димитар Миновски.
Ве покануваме да го погледнете видоеото и да го остварите своето право за користење на обележаните паркинг места за трудници, односно за возачи на возила во кои се превезуваат деца до тригодишна возраст.
Blog Attachment