Семинар на тема „Управување и координација на безбедносниот сектор во Република Северна Македонија“

Семинар на тема „Управување и координација на безбедносниот сектор во Република Северна Македонија“

На семинарот на тема „Управување и координација на безбедносниот сектор во Република Северна Македонија“, кој се реализираше во организација на Министерството за одбрана од 17.04.2019 до 18.04.2019 година во Домот на АРМ во Скопје учество земаа проф. д-р Марјан Николовски и доц. д-р Марјан Ѓуровски од Факултетот за безбедност-Скопје. Семинарот се реализираше во соработка со Филозофскиот факултет – Скопје, а учествуваа претставници од Факултетот за безбедност-Скопје, АРМ, од Министерствата за одбрана и за внатрешни работи и претставници на другите органи на државната управа поврзани со одбраната, безбедноста и кризниот менаџмент. Целта на семинарот беа активните чинители во одбранбениот и безбедносен сектор да ги унапредат своите знаења и вештини и да разменат искуства со цел поедноставна и поефикасна координација и управување.

Професор Марјан Николовски имаше излагање на тема „Местото и улогата на контраразузнавачката заедница  во безбедносниот систем на РСМ„ со што се осврна на реформскиот процес во разузнавачките и контраразузнавачките служби.

„За концепциските пристапи во креирањето на безбедносни политики„ говореше доц.    д-р Марјан Ѓуровски кој се осврна на моделот за координација и подготовка на безбедни стратегии и политики.

На семинарот излагање имаше и м-р Верица Милеска Стефановска Претседател на Комората на РСМ за приватно обезбедување на тема „Јавниот и приватниот сектор-соработка и партнерство„. Државниот секретар во Министерствово за одбрана, Драган Николиќ, го отвори семинарот и пред учесниците истакна дека овој семинар даде значаен придонес кон безбедноста и безбедносната наука, но и кон зајакнувањето на безбедносните процеси и согледувањето на потребите за подобрување на ефикасноста во утврдувањето и борбата со современите закани и ризици. Управувањето и координацијата на безбедносниот сектор создава позитивен безбедносен амбиент и е  во чекор со безбедносната политика во однос на заштитата, одржувањето и унапредување на безбедноста на нашата држава и нејзините граѓани, со свои ресурси и преку активна соработка со меѓународните партнери, рече државниот секретар.

 

Линк за повеќе информации:

http://www.mod.gov.mk/?mainnews=seminar-za-unapreduvanje-na-sorabotkata-vo-bezbednosniot-sektor-17-04-2019&lang=mk

Blog Attachment