Почитувани студенти,

Пректичната настава е задолжителна активност која се реализира во зимскиот и летниот семестар.

Во летниот семестар сте должни да реализирате 25 дена практична настава, десет дена организира Факултетот за безбедност и 15 дена кои сами ја организирате во други институции кои се наведени во предходното соопштение.

Услов за да се посетува практичната настава беше Ваше пријавување со пополнување на анкетен лист кои го реализиравме во април, оние студенти кои не се пријавиле навремено ги нема  на списокот.

Термините за реализирање на практична настава во МВР и Царинска управа се изготвени во согласност со одговорните и ТЕРМИНИТЕ СЕ КОНЕЧНИ И НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПРОМЕНУВААТ.

Студентите од ПРВА година се упатуваат во Полициските станици од општа надлежност.

СПИСОК на студенти од ПРВА година


Студентите од ВТОРА година се упатуваат во Агенциите за обезбедувње во соработка со Комората за приватно обезбедунање.
Студентите во договор со одговорните лица за контакт на АО ги договараат термините за реализирање на практичната настава.
Секоја агенција ни достави телефонски броеви на лицата за контакт кој треба да ги контактирате најмалку една недела пред 01.07 2024 година.

СПИСОК на студенти од ВТОРА година


Студентите од ТРЕТА година се упатуваат во Полициските станици но ВО ЕДИНИЦИТЕ И ОДДЕЛЕНИЈАТА ЗА КРИМИНАЛИСТИЧКА ПОЛИЦИЈА  ПРИ  МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ

СПИСОК на студенти од ТРЕТА година


Студентите од ЧЕТВРТТА година, се упатуваат во Дирекција за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, и Царинската управа на РСМ.

Дирекција за заштита и спасување

Термините за реализирање на практична настава во  Дирекција за заштита и спасување се одредуваат телефонски во договор со одговорните(лицата за контакт)  во регионалните центри, еден студен во предходен договор со останатите студенти од градовите го договара терминот за целата група.

СПИСОК


Центар за управување со кризи

Термините за реализирање на практична настава во регионалните Центри за управување со кризи, се одредуваат телефонски  во договор со одговорните(лицата за контакт) и студентите, пред започнувањето на практичната настава најавете се телефонски во канцелариите на ЦУК во вашите градови.

СПИСОК


Царинска управа

Термиите за реализирање ги одредува одговорниот во Царинската управа и не може да се променат.

СПИСОК


Пред да се започне со практичната настава секој студент е должен да земе потврди за практична настава и во Полициските станици да пополнат Изјава за обезбедување на тајност и заштита за обработка на лични податоци и на класифицирани информации.

Студентите треба да понесат и индекс или студентска легитимација за идентификација во Полициските станици.

Потврдите за реализирана практична настава, пополнети  од страна на одговорните лица во Полициските станици ги доставувате кај менторот најкасно до 25.09.2024година

Менаџментот на Факултетот за безбедност на сите студенти им посакува  успешно и  одговорно реализирање на практичната настава.