На седницата на Наставно-научниот совет одржана на 13 јуни 2024 година, проф. д-р Јонче Ивановски ја презеде функцијата декан на Факултетот за безбедност, од проф. д-р Никола Дујовски, кој успешно го раководеше Факултетот за безбедност во последните седум години. Покрај свечено примопредавање на деканската функција, на седницата се избрани и новите продекани на Факултетот за безбедност,

проф. д-р Катерина Крстевска Савовска, продекан за настава и

проф. д-р Снежана Мојсоска, продекан за финансии.

Мандатот на ново избраниот декански раководен тим е јуни 2024 – јуни 2027 година.