Се известуваат студентите на Факултетот за безбедност кои претходно се пријавија за посетување на теренската обука по логорување во Лазарополе дека на ден 11.06.2024 година (вторник) во 12.00 часот ќе се одржи состанок во павилјон 4/1. На состанокот задолжително е да присуствуваат сите пријавени студенти, бидејќи истиот ќе биде искористен да се договорат сите подготвителни активности за логорувањето. По завршување на состанокот студентите ќе задолжат и работни униформи за обуката.

Тргнувањето на логорување се планира за 23.06.2024 година, а враќањето на 30.06.2024 година.

     Одговорен за настава по логорување

Проф. д-р Јонче Ивановски