Во период од 29.05.-5.06.2024 година, преку ЕРАЗМУС+ програмата за мобилност на Факултетот за безбедност беа професори од Универзитетот во Сплит, вон. проф. д-р Дамир Пиплица и доц. д-р Продан Тончи од Одделот за форензички науки. Професорите од Сплит беа пречекани од деканот на Факултетот за безбедност проф. д-р Никола Дујовски, продеканот за настава проф. д-р Јонче Ивановски и продеканката за финансии проф. д-р Снежана Мојсоска, кои ги запознаа гостите со најзначајните активности на факултетот, студиските програми, меѓународната соработка, вклученоста на академскиот кадар во проекти, а исто така се разгледаа и можностите за продлабочување на соработката меѓу двете институции со вклучување во заеднички проекти, како и проширување на едукацијата и знаењата од областа на безбедносните и форензичките науки.

Во рамките на посетата беше направена обиколка на објектите на факултетот, при што гостите имаа можност да се запознаат со просторните и инфраструктурни капацитети на Факултетот.