На ден 30.05.2024 година, проф. д-р Светлана Николоска одржа онлајн предавање на студентите од Основните академски студии по криминалистика  на Криминалистичко полицискиот универзитет Белград по предметот Економски криминал на тема: „Методика истраживања економског криминала, економска безбедност“.

Предавањето е реализирано по иницијатива на проф. д-р Александар Чудан кој е предметен наставник на предметот „Економски криминал“, а проф. д-р Светлана Николоска е коавтор на учебникот „Економски криминал“ издаден од Криминалистичко полициската академија Белград во 2019 година, но и врз основа на наставниот план и програма усвоен од Универзитетот.

На студентите им е презентирана темата „Методика на истражување на економски криминал, економска безбедност“ при што е објаснето криминалистичкото истражување на економскиот криминалитет, финансиската истрага и состојбата со овој криминалитет врз основа на истражувачки податоци претходно објавени во неколку трудови.