Во организација на проектот Balkan Detox LIFE од 22.05-24.05.2024 година, во Лимасол, Кипар беше оддржана меѓународна конференција за криминал против дивиот свет, на која учество земаа претставници од Кипар, Грција, Србија, Босна и Херцеговина, Република Северна Македонија, Хрватска, Шпанија, Португалија и др.

Покрај генералниот инспектор Дарко Блинков од Државниот инспекторат за животна средина и Арта Старова од Македонско еколошко друштво, активно учество на конференцијата имаше и проф. д-р Марина Малиш Саздовска со презентација на тема: Криминалистички истраги за еколошки кривични дела во Република Северна Македонија. При тоа беа претставени и активностите на Факултетот за безбедност – Скопје и УКЛО во областа на заштита на животна средина и природа во земјата.

На конференцијата беа разменети искуства и добри практики на земјите учеснички во делот на успешно и ефикасно сузбивање на еколошки кривични дела, а беа реализирани и студиски посети за мониторирање на диви птици. Особен интерес кај учесниците предизвикаа презентациите за примената на службени кучиња за откривање на кривични дела поврзани со труење на дивиот свет.