Во рамки на CEEPUS мрежата “LEPSY”, во периодот од 22.05.-29.05.2024 година, на Факултетот за безбедност – Скопје гостуваше д-р Габор Белаи од Факултетот за безбедност при Лудовика Универзитетот во Будимпешта, наставник на катедрата за форензички науки. За време на престојот беа остварени средби и професионални консултации на професорот Белаи со деканот проф.д-р Никола Дујовски и продеканите проф. д-р Снежана Мојсоска и проф. д-р Јонче Ивановски.
Покрај останатите активности на 23.05.2024 година беше оддржано предавање за Демонтирање на лаборатории за недозволени дроги, како и презентација на Европскиот извештај за дрога од Европол со фокус на недозволено производство и трговија со таблети „Каптагон“ од ЕУ на Блискиот Исток.