На 27 мај студентите од трета година од студиската програма „Криминологија и криминална политика“ во придружба на проф. Наташа Пеовска остварија посета на СОС Детско село. На посетата студентите поконкретно се запознаа со организацијата и функционирањето на СОС Детското село и услугите кои ги нуди оваа организација.

Во презентациите посебно беше акцентирана улогата на Советувалиштата во рамки на СОС Детското село, програмите кои ги спроведуваат со идентификувани семејства во ризик како начин на превенција на злоупотреба и занемарување на децата во овие семејства.