На ден 14.05.2024 год. пред студентите на Факултетот за безбедност- Скопје свое излагање имаа претставници од криминалистичката полиција од Министерството  за внатрешни работи на РСМ, кои работат со полиграф.

Студентите се запознаа со организациската поставеност во МВР, начините на работа, условите за полиграфско тестирање, начини на конципирање на прашањата и изнесување пред лицата кои се согласиле да се примени полиграфско тестирање врз нив, заради сомничење дека се учесници при сторување на одреден кривично-правен настан, читање и толкување на резултатите од тестирањето и доставувањето на извештајот до соодветните авторитети.
На самиот настан беше развиена интеракција со студентите и беше демностриран начин на полиграфско тестирање врз студент кој доброволно се пријави за тестирањето.
Студентите станаа свесни за полиграфското тестирање, придобивките од истото и ограничувачките фактори за негова реализација и се здобија со нови знаења кои се потребни за совладување на материјалот по соодветната предметна програма.