Во рамки на Erasmus мобилност за наставен кадар, во периодот од 13.05.-19.05.2024 година, на Факултетот за безбедност – Скопје гостуваше професорот од Факултетот за безбедност – Белград, Србија, доц д-р Милан Липовац. За време на престојот беа остварени средби и професионални консултации на професорот Липовац со продеканот проф д-р Јонче Ивановски, продеканката Снежана Мојсоска и  Erasmus координаторот проф д-р Наташа Пеовска.

Покрај останатите активности на 16.05.2024 година беше оддржано предавање од областа на Методологија на истражување на безбедносни појави пред студентите од вториот и третиот циклус на студии. На предавањето професорот Липовац студентите ги запозна со најновите методолошки практики и методи на истражување, а студентите по предавањето имаа и можност и за консултации за индивидуални проекти на магистерски и докторски тези и трудови. На предавањето присуствуваа и проф д-р Марина Малиш Саздовска, раководителка на третиот циклус студии, проф д-р Катерина Крстевска Савовска, раководителка на вториот циклус на студии и продеканот проф д-р Јонче Ивановски.