Се известуваат редовните и вонредните студенти од прв циклус студии на Факултетот за безбедност – Скопје дека ЈУНСКАТА испитна сесија која ќе биде во периодот од 01.06.2024 до 22.06.2024 година.

Пријавувањето на испитите ќе биде електронски во периодот од 20.05. до 27.05.2024 година преку IKNOW системот.

Испитните пријави секој од студентите е должен да ги достави во Одделението за студентски прашања најдоцна до 27.05.2024 година.

НАПОМЕНА: Се известуваат студентите да ги почитуваат дадените датуми за доставување на испитните пријави, во спротивно после дадениот рок испитните пријави ќе може да ги пријават со казна за задоцнет рок.