На ден 13.5.2024 година на Факултетот за безбедност – Скопје, во организација на Катедрата за криминалистика, беше оддржана тркалезна маса под наслов ,,Криминалистички истраги за еколошки кривични дела во Република Северна Македонија,,.
Учесници на настанот беа професори, студенти, магистранти и докторанти од Факултетот за безбедност Скопје, како и претставници од надлежни институции и органи задолжени за сузбивање на еколошки кривични дела во земјата, и тоа: Министерство за внатрешни работи и претставници од Криминалистичка полиција и Оддел за форензички испитувања; Државен инспекторат за животна средина и Министерство за животна средина и просторно планирање; Основно Јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Апелационен суд Скопје, Агенција за храна и ветеринарство, претставници од невладин сектор: Македонско еколошко друштво, Здружение на млади правници; експерти од областа, претставници од медиумите и други учесници.
Со свое поздравно обраќање настанот го отворија проректорот на Универзитет Ск.Климент Охридски – Битола проф д-р Јове Талевски и деканот на Факултетот за безбедност – Скопје проф д-р Никола Дујовски.
Во рамки на презентациите од страна на панелистите и учесниците во дискусијата беа разгледани прашања во врска со ефикасноста на криминалистичките истраги за еколошкиот криминал во земјата, беа анализирани слабостите и пропустите во системот, и беа предложени мерки и активности за подобрување на актуелната состојба. Заклучоци од настанот со цел подобрување на состојбите и примена на предлог мерки за поефикасно постапување ќе бидат доставени до сите надлежни органи и институции.