Почитувани студенти,

Практичната настава во летниот семестар за учебната 2023/24 година  представува  задожителна студентска активност,  за која вклучително со реализираната практичната работа од зимскиот семестар од истата учебна година се пресметуваат кредити во уверенијата за завршено високо образование.

За секоја учебна година  студентите се должни да реализираат 30 дена практична настава, од кои 5 дена во зимскиот семетар и 25 дена во летниот семетар.

Практичната настава во летниот семестар се реализира во два дела.

  • Првиот дел, задолжителна пракса, која ја организира Факултетот за безбедност во времетраење од 10 дена, во државни  институции кои ние ги контактираме  и го  договараме  реализирањето на практичната настава,
  • Вториот дел, дополнителна практична настава која ја организираат самите студенти во времетраење од 15 дена, во институции со кои Факултетот има склучено меморандум за соработка. На пример, Агенции за приватно обезбедување, Црвениот крст, Регионални центри на царинска управа, Адвокатски канцеларии, Републички совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, Државното првобранителство, и други институции наведени во делот на  Соработка  со општеството на Факултетот за безбедност.

За поефикасно реализирање на практичната настава,  сите студенти редовни и вонредни од сите студиски програми  на Факултетот за безбедност, се должни да го пополнат анкетниот прашалник  најкасно до 16 Мај 2024 година до 14 часот.

Практичната настава се предвидува да се реализира по завршување на јунската испитна сесија  во период од  01.07. до 26.08 2024 год.

Термините ги одредуваат надлежните на институциите во кои се реализира практичната настава и се конечни, не можат да се променат.

Студентите кои се на квадрат, студентите вработени во МВР и АРМ не го пополнуваат анкетниот прашалник .

Студентите кои ќе одат на студентска работа во други земји во периодот на реализирање на практичната настава не го пополнуваат прашалникот, а за начинот на реализирање на практичната настава навремено може да дојдат на консултации кај менторот за практична настава.

Студентите кои ќе одат на Летното логорување организирано од Факултетот за безбедност, ќе им се важи дел од задолжителната пратична настава од 10 дена, овие студенти исто така не го пополнуваат анкетниот прашалник и имаат обвска да реализираат само дополнителна пракса од 15 дена.

Задолжително пополнување на Анкетен прашалник

 ПРВА ГОДИНА

Име и презиме, број на индекс, град  и полициска станица од општа надлежност  на реализирање на практична настава, студентите од Скопје ја наведуваат и Полициската станица  во која ќе ја реализираат практичната настава

 ВТОРА ГОДИНА 

Име и презиме, број на индекс и град во кој ке реализираат, студентите од втора година практична настава ќе ја реализираат во Агенциите за обезбедување.

 ТРЕТА ГОДИНА

Име и презиме, број на индекс, град  и полициска станица од општа надлежност  на реализирање на практична настава, студентите од Скопје ја наведуваат и Полициската станица  во која ќе ја реализираат практичната настава

ЧЕТРВРТА ГОДИНА

Студентите се пријавуваат за практична настава во време траење од 5 дена во регионалните центри на  Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување,

Име и презиме, број на индекс, град во кој ќе ја реализираат практичната настава.

Ментор за практична работа

Ангел Витевски