Факултетот за безбедност во периодот од 23.06.-30.06.2024 година планира да организира теренска обука по Логорување во кампот на Министерството за внатрешни работи во с. Лазарополе. На оваа воннаставна активност можат да учествуваат сите заинтересирани студенти од прва, втора, трета и четврта година на првиот циклус студии. Вкупниот број на студенти кои можат да присуствуваат на теренската обука не треба да биде поголем од 50 студенти поради сместувачките капацитети на кампот.

Студентите кои сакаат да земат учество на теренската обука по Логорување може да се пријават во канцеларијата за дообразование и доедукација кај Ангел Витевски и д-р Аљоша Недев најкасно до 07.06.2024 година.  Доколку некој студент не е во можност да дојде може да се пријави на следниот емаил: aljosa.nedev@uklo.edu.mk

Напомена: Студентите коишто ќе присуствуваат на теренската обука по логорување временскиот период ќе им биде засметан како реализирана практична работа за летниот семестар.

Продекан за настава

                                                                                Проф. д-р Јонче Ивановски