На 10.05.2024 година Факултетот за безбедност учествуваше на третиот Отворен ден на УКЛО кој се одржа на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, под мотото ,,УКЛО и пријателите-повеќе од образование“. Целта на овој настан беше да се овозможи заедничка соработка и поврзување на единиците на УКЛО со локалните компании и заедницата, при што беа организирани панел дискусии во кои учествуваа студенти, професори и претставници на граѓанските организации и бизнис секторот. Во рамките на Отворениот ден беше организиран и изложбен дел, каде единиците на УКЛО ги претставија студиските програми и можностите за студирање на матурантите од средните училишта.