На 11.04.2024 година деканот на Факултетот за безбедност -Скопје, проф. д-р Никола Дујовски одржа средба со г-н Владимир Бронфенбренер од Академијата за Национална Безбедност во Бугарија.

На состанокот се разговараше за трендовите на сајбер заканите и криминалот, објавување и ширење на лажни вести, криминалистичките и форензичките науки.

Во рамките на оваа средба се разговараше и за продлабочување на соработката помеѓу овие две институции, како и можноста за реализирање на заеднички студиски програми за втор и трет циклус студии за сајбер безбедност.