Се известуваат студентите од прва и втора година дека на 3.04.2024 година (среда) во просториите на Библиотеката на Факултетот за безбедност, со почеток од 11.00 часот, ќе се спроведе обука, проект насловен како „НАТО за Училиштата“.
Здружението на граѓани – НЕКСУС Граѓански концепт од Скопје во соработка со Правниот факултет на Универзитетот во Мињо | ЈусГов Центар за правда и управување од Португалија спроведува проект насловен како „НАТО за Училиштата“ (NATO4Schools) финансиран од Одделот за јавна дипломатија на НАТО од Брисел. Проектот има за цел да пилотира иновативна алатка развиена на Универзитетот во Мињо, Португалија и која ја користи вештачката интелигенција за едукација за историјата, вредностите и мисијата на НАТО.
НАТО цени дека младите лидери имаат суштинска улога во адресирање на новите безбедносни предизвици – климатските промени, дезинформациите, хуманитарните кризи, вештачката интелигенција како дел од новите технологии и сајбер заканите, кои се на агендата на Алијансата во новиот свет кој младите ќе го наследат.

Алатката во моментот е изработена на англиски јазик, и за таа цел студентите ќе треба да имаат добро познавање на англискиот јазик.

Во прилог АГЕНДА