На 31 март 2024 година, деканот на Факултетот за безбедност проф.д-р Никола Дујовски, заедно со продеканите, проф. д-р Снежана Мојсоска и проф. д-р Јонче Ивановски, остварија средба со министерот за внатрешни работи г-н Панче Тошковски, кој беше во работна посета на Центарот за обука на МВР.

На средбата се разговараше за тековните активности поврзани со реконструкција на дел од објектите, за продолжување на соработката помеѓу МВР и Факултетот за безбедност, но и за нови идеи и размена на искуство и зајакнување на капацитетите во безбедносниот сектор, притоа користејќи ги најдобрите практики од високото образование.
По состанокот делегацијата направи обиколка на Центар и изврши увид во тековните градежни активности на објектите.