Се известуваат редовните и вонредните студенти на Факултетот за безбедност,  дека со Одлука на ННС, одобрена е АПРИЛСКА испитна сесија која ќе биде во периодот од 15.04. до 10.05.2024 година.

Пријавувањето на испитите ќе биде електронски во периодот од 01.04. до 05.04.2024 година преку IKNOW системот.

Студентите во априлскиот испитен рок можат да полагаат само презапишани предмети од парните семестри и  запишани (и презапишани) предмети од непарните семестри, со уплата на надомест во износ од 1.000,00 денари по предметна програма (испит).

Испитните пријави секој од студентите е должен да ги достави во Одделението за студентски прашања од 01.04. до 05.04.2024 година.

НАПОМЕНА: Се известуваат студентите да ги почитуваат дадените датуми за доставување на испитните пријави, во спротивно после дадениот рок испитните пријави ќе може да ги пријават со казна за задоцнет рок.

РАСПОРЕД ЗА АПРИЛСКА СЕСИЈА