Денес, 05.03.2024 Деканот на Факултетот за безбедност проф. д-р Никола Дујовски заедно со продеканите, проф. д-р Снежана Мојсоска и проф. д-р Јонче Ивановски, остварија средба со дополнителниот заменик министер за внатрешни работи м-р Митко Бојмацалиев и неговиот тим.
На средбата стана збор за последните активности кој што ги реализира факултетот за подобрување на стандардите на Високото образование за студентите и за вработените.
Стана збор и за организацијата на Меѓународната научна конференција за 2024, која оваа година ќе се одржи во Охрид, како и за бројните заеднички проекти кои што во иднина ќе ги реализираме заедно со МВР.
Деканот Дујовски изрази голема благодарност на одличната континуирана соработка помеѓу двете институции, истакнувајќи дека двете институции се вистински пример за градење на професионална соработка за доброто на студентите, но и на идните професионалци во МВР.
При посетата дополнителниот заменик министер Бојмацалиев имаше можност да ја посети и библиотеката Јордан Спасевски и да поразговара со студентите на факултетот.