На 28.02.2024 година, Деканот на Факултетот за безбедност, проф. д-р Никола Дујовски, продеканката за финансии, проф.д-р Снежана Мојсоска и продеканот за настава, проф. д-р Јонче Ивановски, беа домаќини на директорот на Бирото за јавна безбедност, д-р Сашо Тасевски и на генералниот директор на полицијата на Косово, м-р Газмед Хоџа, кои ги предводеа делегациите на македонската и косовската полиција.

На работната средба директорите и нивните делегации беа запознаени со најзначајните активности на факултетот, за идните планови за развој и заедничка соработка, размена на искуство и зајакнување на капацитетите во безбедносниот сектор, негување на практиките за добро владеење во полициските институци преку поддржување на полицискиот интегритетот, притоа користејќи ги најдобрите практики од високото образование.