Денес, 15.02.2024 година, Деканот на Факултетот за безбедност проф. д-р Никола Дујовски заедно со Продеканката за финансии, проф. д-р Снежана Мојсоска остварија работна средба со Заменик-шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, д-р Сузан Пенкса и г-н Марк Диксон, шеф на одделот за развој на полицијата во ОБСЕ. На средбата се разговараше за досегашната успешна соработка помеѓу Факултетот за безбедност и Мисијата на ОБСЕ, но и за многу нови идеи за градење на капацитетите во безбедносниот сектор и за поддршка на студентите и младите.