Се известуваат студентите на Факултетот за безбедност дека уписот на летниот семестар е во периодот од 16.02.2024 до 23.02.2024 година.

За заверка на I, III, V и VII и упис на II, IV, VI и VIII семестар потребни се следните документи:

– пријавен лист – 1 (жолт)
– семестрален лист на кој се запишуваат предметите од претходниот ислушан зимски семестар,
– индекс,

– II рата за партиципација уплатена на трезорска сметка бр. 100000000063095, сметка на буџетски корисник 160016125578810 приходна шифра 723012, програма 42, депонент НБРСМ,– Факултет за безбедност – Скопје, со цел на дознака “надомест за студирање”.

– пријава согласно ЕКТС за повторно запишани предмети од летен семестар т.е. за предмети кои прв пат се слушаат во наредниот семестар.

Согласно Одлуката на Универзитетскиот сенат на УКЛО, бр. 14-508/5 од 23.06.2020 година, за реализација на студентските активности на ФСС и УСС, се утврдува обврска за плаќање на паричен износ од по 200 ден. по студент на семестар (зимски/летен), односно ова е обврска од втор летен семестар за студентите од прва година, а за останатите студенти од втора, трета и четврта година уплаќаат по 200 ден. и во зимски и во летен семетар и тоа:

1. 100 ден. за реализација на активностите на УСС на жиро сметката за култруно -уметнички и други потреби на студентите на УКЛО, банка НБРСМ на трезорска сметка 100000000063095, сметка на буџетски корисник: 160010509678867, ЕДБ 4002979132007, приходно конто 723012, програма 42
2. 100 ден. за реализација на активnoстите на ФСС на жиро сметката на единицата на УКЛО, трезорска сметка бр. 100000000063095, сметка на буџетски корисник 160016125578810 приходна шифра 723012, програма 42, депонент НБРСМ,– Факултет за безбедност – Скопје

Студентите кои запишуваат летен семестар во учебната 2023/2024 година, средствата за пакет книги на лично име ќе ги уплакаат на следната жиро сметка:

– трезорска сметка бр. 100000000063095, сметка на буџетски корисник 160016125578810 приходна шифра 723019, програма 42, депонент НБРСМ,– Факултет за безбедност – Скопје, со цел на дознака ,,надомест за учебници во пакет “.
*Доколку друго лице уплати во има на студентот задолжително во цел на дознака да го наведе името на студентот и студиската програма

– втор семестар СП Криминалистика – 4.000,00 денари
Цената на пакетот за студентите кои ги избрале да ги слушаат предметите Систем на приватна безбедност и Вооружување и опрема изнесува 5.000,00 денари.

– четврт семестар СП Криминалистика – 2.000,00 денари
Цената на пакетот за студентите кои ги избрале да ги слушаат предметите Превенција на криминалитетот и Англиски јазик 4 а претходно не го слушале предметот Англиски јазик 3 изнесува 3.000,00 денари.

– втор семестар СП Безбедност – 3.200,00 денари
Цената на пакетот за студентите кои го избраледа го слушаат предметот Англиски јазик 2, а претходно не го слушале предметот Англиски јазик 1 изнесува 4.200,00 ден.

– четврт семестар СП Безбедност – 1.600,00 денари
Цената на пакетот за студентите кои го избрале да го слушаат предметот Меѓународно хуманитарно право изнесува 2.200,00 денари, а доколку го избрале да го слушаат предметот Англиски јазик 4 изнесува 2.600,00 денари, ако претходно не го слушале предметот Англиски јазик 3.

– втор семестар СП Криминологија и крим.политика – 2.000,00 денари,
Цената на пакетот за студентите кои во вториот семестар ги избрале да ги слушаат предметите Управно право и прекршочно право, Раководење во полицијата и Англиски јазик 2, ако претходно не го слушале Англиски јазик 1 изнесува 3.000,00 денари.

НАПОМЕНА: РЕДОВНИТЕ И ВОНРЕДНИТЕ СТУДЕНТИ ВО ОПРЕДЕЛЕНИОТ РОК ЌЕ ВРШАТ УПИС САМО НА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР. СТУДЕНТИТЕ ЗАПИШАНИ ВО ПРВА ГОДИНА ВО АКАДЕМСКАТА 2023/2024 ГОДИНА ТРЕБА ДА ИМААТ РЕАЛИЗИРАНО ЛЕКАРСКИ ПРЕГЛЕДИ КОИ ШТО СЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНИ.

Студентите задолжително да го запишат семестарот и предметите во I know системот, пред да го запишат семестарот потребно е да се пополни анкетен прашалник. Доколку студентот не го пополни прашалникот системот нема да го дозволи запишувањето на семестарот.

СЕ ИЗВЕСТУВААТ СТУДЕНТИТЕ КОИ ЗАПИШУВААТ ОСМИ СЕМЕСТАР ДА ИЗБЕРАТ ТЕМА И МЕНТОР ЗА ИЗРАБОТКА НА ДИПЛОМСКИ ТРУД.

СТУДЕНТИТЕ КОИ ИЗБРАЛЕ ТЕМА И МЕНТОР ЗА ДИПЛОМСКИ ТРУД ВО 2022/2023 ГОДИНА, А ДО 16.02.2024 ГОДИНА НЕ ГО ОДБРАНИЛЕ ДИПЛОМСКИОТ ТРУД, ДОЛЖНИ СЕ ДА ИЗБЕРАТ НОВ НАСЛОВ ЗА ДИПЛОМСКИ ТРУД.

Одлука за пакет книги