Почитувани студенти,

Ве известуваме дека практичната настава ќе се реализира  од 22.01.2024  до 26.01.2024 година, во траење од 5 (пет) работни дена. Сите студенти се должни да набават Потврда за практична настава  од Книжарата на Факултетот за безбедност и истата треба да ја достават до одговорните лица во Полициските станици.

Студентите од трета и четврта година од сите насоки практичната настава ќе ја реализираат во Единиците и одделенијата на одделот за криминалистичка полиција, студентите од прва и втора година од сите насоки во Полициските станици од општа надлежност.

Студентите за време на практичната настава се должни да понесат индекс за идентификација и да пополнат  изјава за обезбедување на тајност и заштита на обработка на лични податоци и класифицирани информации, која ќе ја добијат во Полициските станици.

Во потврдата одговорното лице од Полициската станица  го оценува  ангажманот на студентот за време на практичната настава, и по завршувањето ја доставувате до менторот за практична настава  најкасно до 01.03.2024 год.

Министерството за внатрешни работи ги одредува Организационите единици – Полициски станици  за  реализирање на практична настава со студентите од Факултетот за безбедност, во зависност од потребите и екипираноста на самата организациона единица, промени на место на реализирање на практична настава не се дозволени.

Деновите кога студентите се на колоквиуми, се ослободени од практична настава, пропуштените денови од зимската практична настава ќе се надополнат во летниот семестар.

Списоци на студенти по Полициски станици.

Список на студенти од прва и втора година

Список на студенти од трета и четврта година