Почитувани,

Со особено задоволство Ве информираме дека на 27.12.2023 година (среда) од 10:00 часот во Големиот Амфитеатар  ќе се одржи традиционално предновогодишно академско кафе со Министерот за внатрешни работи г-н Оливер Спасовски.

Деканот на факултетот проф.д-р Никола Дујовски ги поканува сите студенти и наставници да се вклучат и да дискутираат на актуелни теми и состојби за безбедноста, криминалот, реформите во полицијата, развојот на студентите итн.

Ве очекуваме.

Со почит,

Факултет за безбедност – Скопје