На ден 27.11.2023 година, во организација на Комора на Република Северна Македонија за приватно обезбедување се оддржа Семинар за родови прашања во приватниот безбедносен сектор. На семинарот зедоа учество претставнички од членки на Комората, државни органи и институции, меѓународни организации, МВР, професорки, студентки и др. Настанот беше во рамки на проектот Портокалова дланка – обединети во активизам против насилството врз жените и девојчињата.

На семинарот активно учество имаше и проф д-р Марина Малиш Саздовска, од Факултетот за безбедност Скопје, со презентација на тема Женско лидерство – Лидерка без титула, како и студентките од студиската програма Криминологија и криминална политика: Ангела Јованова и студиска програма Безбедност: Екатерина Кузмановска, Катерина Крстевска и Јована Сибиновска.