Практичните сценарија кои се однесуваат на: начини, формации и тактики на движење при совладување на отворен и пошумен простор, тактики на движење во затворени објекти, заседа и блокада, гаѓање со вежбовен школски пиштол и вежбовна автоматска пушка – AIRSOFT опрема, имаа можност да ги проследат и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со дел од раководството на МВР, ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола, проф. д-р Игор Неделковски, Деканот на Факултетот за безбедност – Скопје, проф. д-р Никола Дујовски, проректорите, професорите и претставници од Амбасадата на САД и Мисијата на ОБСЕ.

Истакнувајќи ја врвната соработка помеѓу МВР и Факултетот за безбедност, Деканот проф. д-р Никола Дујовски рече:
„Денеска сме заедно со најблиските пријатели, министерот Спасовски и тимот, со кои работиме на унапредување на безбедноста во државата, да ги посетиме студентите од Факултетот за безбедност, кои се всушност 13-та генерација која посетува обука за логорување. Драги студенти, да ги носите спомените цел живот и да ги учите практичните аспекти на професијата полициски службеник. Во оваа прилика упатувам благодарност до Единицата за обука и поддршма и Одделот за специјални полициски операции. Секако благодарност до министерот Спасовски за поддршката – би истакнал дека кога министерот Спасовски дојде на чело на МВР, до тогаш имаше 500 невработени дипломирани, бидејќи до тогаш не беа приоритет за инститцуиите. Денеска невработени дипломирани се помалку од 100 благодарние на соработката со МВР и континуираните конкурси”.

На настанот, Деканот Дујовски, во свое и во име на студентите и вработените на Факултетот за безбедност – Скопје, додели благодарници на министерот Оливер Спасовски, директорот на БЈБ д-р Сашо Тасевски, за долгогодишна соработка и поддршка за успешна реализација на акивноста логорување и продеканот за настава проф. д-р Јонче Ивановски, кој е одговорен за наставата по логорување.

Присутните гости и студентите од Факултетот за безбедност другаруваа на студентски логорски кафе и ручек, а министерот ги охрабри уште попосветено да ги совладуваат теоретските и практичните цели на обуката, затоа што безбедносниот систем има потреба од врвно едуцирани и подготвени млади луѓе кои ќе се вклучат во реализацијата на безбедносните практики во државата.