На 8 јуни 2023 година Факултетот за безбедност – Скопје во Домот на АРМ, Скопје организираше научно-стручна расправа по повод промоција на научно-истражувачката студија „Патеки на бездномните лица: пред и за време на бездомништвото„ и претставување на резултатите од истражувањето.

На научно-стручната расправа поздравни обраќања имаа министерката за труд и социјална политика  м-р Јованка Тренчевска, деканот на нашиот факултет проф. д-р Никола Дујовски и секретарот  на Црвениот крст на град Скопје, д-р Сузана Тунева Пауновска.

Рецензентите проф. Пере Аслимоски и проф. Саше Герасимоски истакнаа дека сознанијата од емпириското истражување на патеките кај бездомниците во нашата земја, ја збогатуваат теоретската рамка за бездомништвото и уште повеќе, ги прошируваат теоретските погледи за оваа појава како многу комплексен општествен проблем.

Свое излагање, односно претставување на истажувачките резултати имаа и авторите на студијата проф. Весна Стефановска, проф. Оливер Бачановиќ и проф. Наташа Пеовска кои отворија голем број прашања и предизвици поврзани со бездомништвото како социјален, но и јавно-здравствен проблем за целото општество, а посебно за државата.

ТЕЛМА

ММС

MАКPRESS