На ден 01.06.2023 година, во организација на Факултетот за безбедност Скопје и Министерството за внатрешни работи, започна едукативна кампања ,,Безбедни училишта,, со презентација и предавање во основните училишта ,,Кузман Јосифовски Питу,, и ,,Партенија Зографски,, во Скопје. На предавањето присуствуваа ученици, кои беа запознаени со превентивните мерки за спречување на врсничкото насилство, видови на насилство, сајбер булинг, но, исто така, беа промовирани и добри практики за однесување, препознавање и постапување во случаи на насилство во училиштата. Презентацијата беше реализирана од страна на Орце Јовановски, самостоен инспектор за превенција на криминалитет во Одделението за превенција при СВР Скопје, проф д-р Марина Малиш Саздовска и претседателката на Студентското собрание Лела Радуловиќ.
Факултетот за безбедност, во соработка со Министерството за внатрешни работи, продолжува со активностите и заложбите за создавање на безбедно општество, со особен акцент за безбедноста во училиштата, со цел едукација на младите и сузбивање на насилството и малолетничката делинквенција.