Промоција на учебникот „Методика на истражување на организиран криминал“ од авторот проф. д-р Марјан Николовски

На 31.05.2023 година на Факултетот за безбедност Скопје, беше одржана промоција и презентација на учебникот „Методика на истражување на организиран криминал“ од проф. д-р Марјан Николовски,
На промоцијата присуствуваа Деканот на Факултетот за безбедност проф. д-р Никола Дујовски, продеканката за финансии проф. д-р Снежана Мојососка, рецензентите проф. д-р Миодраг Лабовиќ и проф. д-р Владимир Пивоваров, министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија г-н Оливер Спасовски, Директорот на Агенцијата за национална безбедност г-н Зарко Милошевски, претставници на безбедносните институции, професори, студенти како и роднини и пријатели на авторот проф. д-р Марјан Николовски.
На промоцијата зборуваа деканот на Факултетот за безбедност проф. д-р Никола Дујовски, во име на Факултетот како издавач на учебникот, како и двјцата рецензенти проф. д-р Миодраг Лабовиќ и проф. д-р Владимир Пивоваров кои го промовираа учебникот, како и авторот на учебникот проф. д-р Марјан Николовски.