Се известуваат студентите на Факултетот за безбедност кои претходно се запишаа на списокот за логорување дека на ден 30.05.2023 година (вторник) во 11.00 часот ќе се одржи состанок во големиот амфитеатар. На овој состанок задолжително е да присуствуваат сите пријавени студенти бидејќи истиот ќе биде искористен да се договорат сите неопходни детали поврзани со теренската настава по Логорување. На овој состанок студентите ќе задолжат и работни униформи за обуката.

Тргнувањето на логорување се планира за 23.06.2023 година, а враќањето на 30.06.2023 година.

Одговорен за настава по логорување

Вон. проф. д-р Јонче Ивановски